
Шпанците убедени: Анчелоти заминува, познато и кога!
Преговорите меѓу Анчелоти и Бразилската фудбалска федерација ќе продолжат и во мај, но најавите се дека конечниот договор би можел да се официјализира пред почетокот на Светското клупско првенство. Тоа е јасен сигнал дека Бразил сериозно смета на Анчелоти како нов лидер на „Кариоките“.
Информациите ги потврди и добро информираниот новинар Фабрицио Романо, кој објави дека бразилска делегација е сѐ уште во Шпанија со цел да го заокружи договорот, очекувајќи зелено светло од раководството на Реал Мадрид.
Од друга страна, „кралевите“ веќе работат на план за иднината. Чаби Алонсо е прв фаворит за да го наследи Анчелоти. Управата на мадридскиот гигант веќе подолго време го следи младиот шпански стратег, кој импресионираше со работата во Баер Леверкузен и се смета за идеален кандидат за новата ера на „Сантијаго Бернабеу“.
Фото. Real Madrid C.F/X