Алкалоид го одржа последниот тренинг пред историскиот натпревар (ФОТО)

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Алкалоид вечерва го одржа последниот тренинг пред утрешниот реванш дуел против Рунар Сандефјорд, во полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп.

Нашите ракометари тренираа во салата каде ќе се игра натпреварот кој е од историско значење за Алкалоид и за македонскиот ракомет. Тимот од Автокоманда има предност од пет разлика од првиот меч на домашен терен (42-37) одигран минатата недела.

Досега само Вардар и Пелистер можат да се пофалат дека играле финале во ЕХФ куповите. Вардар два пати настапи во мечот за титулата во Лигата на шампионите и триумфираше на двата, додека Пелистер во 2002 година стигна до финалето на тогашниот ЕХФ Челинџ куп каде загуби од данскиот Скјерн. Челинџ купот е истиот куп во кој сега настапува Алкалоид, само со друго име.