Анчелоти ризикуваше и загуби: Менди ја обнови повредата

Во обид да го запре Ламин Јамал, Карло Анчелоти на левата бековска позиција од стартот на вечерашниот натпревар го стави францускиот репрезентативец Ферлан Менди кој е единствен класичен бек во тимот.

Менди не играше од 12 март, цела сезона се мачи со повреди, па на теренот издржа само девет минути. При еден дуел со Жил Кунде, тој остана на теренот и откако докторите му укажаа помош, мораше да замине на клупата.

На негово место влезе Фран Гарсија кој ќе води жестока битка со Јамал и прашање е колку е способен да излезе како победник.