Вардар вторпат во само три дена се радуваше среде Битола!

Ракометарите на Вардар ја оправдаа фаворитската улога и со победа на турнирот кој се играше во Битола се пласираа на фајл-форот каде што ќе водат битка за нов куп трофеј.

Во финалето „црвено-црните“ беа подобри против Пелистер со 25-28.

Вардар работата ја заврши во првото полувреме кое го доби со 18-9 и во вториот дел битолскиот состав успеа само да ја намали големата негатива. Најефикасен беше Пинто со девет голови, а го следеше Срдановиќ со шест, додека на спротивната страна Белистојановски постигна шест.

Претходно денеска Вардар беше подобар од Бутел со 33-30. За Вардар ова е втора победа во Битола по само неколку дена и големиот триумф во плеј-офот од Суперлигата против Пелистер со гол во последната секунда