
Ламин Јамал со нова фризура се појави на финалето (ФОТО)
Неговиот тим игра против Реал, тоа ќе биде нова можност за тинејџерот да ја зголеми својата колекција трофеи, а пред мечот го промовира и својот нов имиџ. На теренот на Ла Картуха излезе со бланширана коса, во стилот на Нејмар од пред повеќе од една деценија.
Шпанските новинари претпоставуваа дека Јамал има нова фризура бидејќи од доаѓањето во Севиља постојано се движеше со капа на главата, но никој не можеше да предвиди за што станува збор.