
Вардар со многу мака го скрши Бутел во Купот
На почетокот на мечот се играше гол за гол до седмата минута (4-4), по што Бутел го презема водството (7-4) и успеваше да го одржи до завршните пет минути од средбата (13-10). „Црвено-црните“, сепак, го засилија темпото во финишот и направија целосен пресврт (17-16) пред полувремето.
Вардар беше подобар ривал на стартот на вториот дел и набрзо поведе со 25-21 во 42. минута, но Бутел не се предаваше и израмни на 27-27 во завршницата од натпреварот. Двократниот европски шампион, сепак, не дозволи изненадување и на крајот славеше со 33-30.
Скопскиот гигант во следниот меч ќе се соочи против Пелистер 2, кој претходно службено го „елиминира“ Фруитленд Борец, кој немаше доволно ракометари за настап во дуелот.