МЗТ на чекор од полуфиналето - втора по ред лесна победа над Феникс!

Кошаркарите на МЗТ Скопје стигнаа до водство од 2-0 во четвртфиналната плејоф-серија против Феникс, откако денеска славеа убедлива победа од 87-55.

Шампионот доминираше во текот на комплетниот натпревар и покажа дека во овој момент е далеку поквалитетен тим од противникот. Првата четвртина избраниците на Атанасов ја добија со 22-17, додека вториот период го добија со пет разлика (20-15) за предност од 42-32 на паузата.

Посебно импресивни кошаркарите на МЗТ беа во третата четвртина кога на Феникс му дозволија само 11 поени (33-11). Во третиот период само ја потврдија одличната игра преку целиот натпревар и рутински го прведоа натпреварот кон крајот.

Андреј Андоноски беше најефикасен со 15 поени и седум скока, Дион Едвин постигна 12 поени со шест скока, додека Андреј Магдевски и Дамјан Стојановски реализираа по 10 поени, заедно со три скока и пет асистенции односно со пет скока. Ален Бертранд постигна 15 поени за Феникс.

Третиот меч од серијата, која се игра до три победи, на програмата е в среда, исто така во „Јане Сандански, но овој пат со Феникс како домаќин.