
Вараждин не прави ништо без Митровски: Македонецот херој и против Локомотива! (ВИДЕО)
Гостите први дојда до водство со голот на Мудаџија од пенал по половина час игра и со водство заминаа на полувремето.
Локомотива водство имаше се до 60. минута кога Митровски со мајсторски гол од слободен удар го израмни резултатот на 1-1.
MITROVSKI! WHAT A GOAL!
— 🇭🇷 (@TheCroatianLad) April 26, 2025
Varaždin 1-1 Lokomotivapic.twitter.com/OzT9T3BWpW
Не застана тука македонскиот напаѓач и во завршницата од натпреварот го постигна својот втор гол за три бода на Вараждин.
Ова е втор натпревар во низа на кој Македонецот е херој за Вараждин откако во минатото коло го постигна и единствениот гол во триумфот над Славен Белупо.
Со денешните два гола Митровски дојде до бројката од седум гола оваа сезона, а има и една асистенција.