Крај за Ѓоковиќ во Мадрид: Арналди го елиминираше уште на стартот!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ запиша уште еден пораз на големите турнири и во Мадрид доживеа пораз во првиот меч од Италијанецот, Матео Арналдо со 2-0 (6-3, 6-4) во сетови.

Како и на претходните турнири во овој период, Ѓоковиќ не успеа да игра на високо ниво, правеше грешки, а неговиот противник тоа знаеше да го искористи.

Во првиот сет Арналди дојде до брејк уште во вториот гем кога поведе со 2-1, сепак Ѓоковиќ возврати веќе во следниот. Одлучувачки во овој сет беше осмиот гем кога Арналди и вторпат го доби сервисот на Ѓоковиќ за 5-3, а во следниот сет само го потврди.

Во вториот сет Арналди направи само еден брејк и тој беше доволен за 6-4 и конечен триумф во мечот.

Фото: EPA PHOTO