
И Атлетико удри по Реал: Престанете да го уништувате имиџот на шпанскиот фудбал
Критики има во речиси сите медиуми што не се од Мадрид, а и голем дел од клубовите сметаат дека е неприфатливо она што го прави актуелниот шампион на Шпанија. Атлетико Мадрид преку социјалните мрежи застана на страната на судиите во овој случај откако Флорентино Перез и Реал вчера направија невидена хајка против Рикардо де Бургос Бенгоечеа.
„Ова е неподносливо. Престанете да го уништувате имиџот на шпанскиот фудбал“, напиша Атлетико со хаштаг „Стоп за обвинувањата кон судиите“.
Според многумина, денешниот натпревар е последна шанса за Реал да ја спаси сезоната и да освои трофеј откако претходно два пати беше понижен од Барселона и испадна во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Сепак, средствата кои ги користи Реал секогаш кога една сезона е пред пропаст се опасни за сите кои се инволвирани во шпанскиот фудбал.