Евертон на колена во Лондон: Џексон и Санчез го оставија Челси во трка за ЛШ

Поранешниот европски шампион Челси славеше во незгодниот дуел против Евертон со минимални 1-0, но освои големи три бодови во трката за пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).

Николас Џексон беше стрелец на единствениот гол, откако испрати прекрасен удар во 27. минута и го матира Џордан Пикфорд.

„Карамелите“ не се предаваа и во второто полувреме се заканија неколку пати, но Роберт Санчез беше извонреден меѓу стативите на „сините“ и успеа да ја зачува својата мрежа.

Челси има 60 бодови на четвртата позиција, а исто толку со полоша гол-разлика има Нотингем Форест по 34 одиграни кола во Премиерлигата.

Фото: EPA PHOTO