Српски коментатор едвај го заврши преносот од дебаклот со Англија (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија доживеа убедлив пораз од Англија со 0-5 во рамките од квалификациите за Светското првенство, а на социјалните мрежи се појави и снимка од пренос на кој може да се слушне како српски коментатор едвај го заврши натпреварот.

Разбирливо, тешко е да се коментира натпревар во кој твојата репрезентација едноставно не прави ништо, па така коментаторот во преносот кога Англија постигнуваше голови звучеше како само да чека преносот да заврши.

Во одјавата од преносот тој и призна дека Англија доминирала и покажала класа, иако настапила без пет-шест важни фудбалери.

@balkansport4k

Srbija vs Engleska 0:5 Reakcija Srpskog komentara 9.9.2025

♬ original sound - balkansport4k

Фото: Fudbalski savez Srbije