Скандал: Англиските фудбалери биле шпионирани во Казахстан! (ВИДЕО)

Младинската репрезентација на Англија имаше непријатна ситуација за време на гостувањето во Казахстан каде гостуваше во меч од квалификациите за ЕП У21 2027.

„Дејли Мејл“ објавува дека во хотелот каде што била сместена селекцијата на Англија У21 се појавил таен снимател кој ни ролетните успеал да сними приватни моменти на младите фудбалери.

Видеото за кратко се прошири на социјалните мрежи и предизвика многу реакции.

На снимката јасно се гледа како фудбалерот на Арсенал, Итaн Енванери, реагира бесно и во еден момент фрла пешкир кон камерата. Еден од неговите соиграчи се обидел да го покрие прозорецот со пешкир, но снимателот ја кренал камерата и продолжил со снимањето. Во целата ситуација се вмешал и играчот на Тотенхем, Арчи Греј, кој исто така реагирал на непријатната сцена.

Фудбалската асоцијација на Англија најави дека ќе бараат истрага за да се утврди кој стои зад овои инцидент со кој е нарушена приватноста на младите репрезентативци.