Алкалоид се спаси од пораз од Охрид во последната секунда! (ВИДЕО+ФОТО)
Охрид сериозно се засили во текот на летото и со големи амбции влезе во сезоната, тоа на дело денеска го покажа во Автокоманда против Алкалоид. Охриѓани беа блиску до победа, но ја испуштија во последната секунда иако претходно имаа црн период од 10 минути без постигнат гол.
Во првото полувреме Охрид беше подобар тим одржуваше предност од еден-два гола и на пауза заминаа со 11-13.
Но, Алкалоид брзо во вториот дел влезе во ритам и по водството од 13-15 на Охрид избраниците на Лазаров направија серија од 6-0 додека Охрид остана десет минути без постигнат гол.
Охрид се врати во финишот од минус два гола, поведе со 24-23 благодарение на гол на Иванковиќ. На семафорот останаа уште три секунди, во последната Карасманакис погоди за конечни 24-24.
Најефикасен во составот на Алкалоид беше Урош Борзаш со шест голови, Монси Тордарсон даде четири, кај Охрид, Дарко Ѓукиќ постигна пет погодоци, Анте Иванковиќ даде четири.