Почна ракометната Лига на шампиони, Алборг и Спортинг отворија со победи!

Денеска стартуваше новата сезона од ракометната Лига на шампиони, за нас најважен е мечот на Пелистер со Загреб, но пред овој дуел се одиграа два други натпревари.

Алборг со 32-28 го победи Веспрем во меч во кој Данците постојано имаа предност, а унгарскиот тим бркаше, но не успеа да се спаси од пораз.

На овој натпревар судии беа Македонците, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Најефикасен кај Алборг беше Томас Арнолдсен со шест голови, а најмногу погодоци постигна ракометарот на Веспрем, Недим Ремили, осум. Играч на натпреварот беше голманот на Алборг, Фабиан Нортсен со 18 одбрани.

Спортинг славеше гостинска победа кај Динамо Букурешт која ја обезбедија во вториот дел. Португалскиот тим триумфираше со 33-30.