Германија во последната четвртина ја скрши Словенија за полуфинале!

Германија со 99-91 ја победи Словенија и се пласира во полуфиналето на Евробаскетот каде што ќе игра против Финска.

Германците влегоа како фаворит во овој натпревар, но Словенците водеа во најголемиот дел од мечот. Сепак кога требаше да се решава победникот, Германија беше подобра.

Словенија одлично го почна мечот, под водство на Лука Доначиќ го полнеше кошот на противникот, првата четвртина ја доби со 32-21. На полувремето Словенците имаа предност од 51-45.

Рано во третата четвртина Лука Дончиќ ја заработи четвртата лична грешка, па мораше да биде внимателен до крајот на мечот. Германците знаеа како да го искористат тоа и брзо го свртеа резултатот во своја полза.

Клучна беше последната четвртина која Германија ја доби со 29-17 и на крајот славеше со 99-91.

Лука Дончиќ имаше уште една фантастична партија, но таа не беше доволна за победа, тој постигна 39 натпревари, убедливо највеќе на мечот. Најефикасен кај Германците беше Вагнер со 23 поени, Шрудер постигна 20.

Во полуфиналето Германија ќе игра против Финска која претходно ја победи Грузија со 93-79. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Турција и Грција.