
Тетекс се враќа на Градскиот стадион во Тетово!
Веќе натпреварот кој ќе го играат овoj викенд против Слога Виница ќе се игра на Градскиот стадион каде што долго време немаа можност да настапуваат, а сега конечно ја добиле битката.
„Ве повикуваме сите тетовчани, љубители на фудбалот, млади и стари, да дојдете во што поголем број. Да ја вратиме заедно магијата на старите добри денови, кога ЈУГ одекнуваше со НАШ КЛУБ - НАШ ГРАД, а секој натпревар беше празник.
Ова е само почеток! Не застануваме овде туку многу брзо ќе ве изненадиме со нови победи и нови убави вести за ФК Тетекс“, стои во објавата на Тетекс.
Од почетокот на сезоната, Тетекс по три кола има два порази и една победа и со три бода се наоѓа на 13-тата позиција на табелата.