Ѓоковиќ и дефинитивно заминува од Србија - избрал училиште за децата!

Новак Ѓоковиќ неодамна го заврши настапот на Ју-Ес Опен каде што беше запрен од Карлос Алкараз во полуфиналето, а веднаш потоа се посветил и на преселбата во Грција која претходно беше најавена.

Според информациите на грчкиот портал „Тенис 24“, Ѓоковиќ ги запишал своите деца во приватното британско училиште, „Сент Лоренс“, а нивниот дом би требало да биде во јужното предрградие на Атина.

Преселбата во Грција медиумите ја најавија уште во текот на Вимблдон, а тогаш и самиот Ѓоковиќ не исклучи таква можност.

„Очигледно дека постојат многу шпекулации, но ништо не е потврдено. Кој знае што може да се случи во иднина. Да, може да се случи“, изјави тогаш Ѓоковиќ.

Грчките медиуми објавија снимка од српскиот тенисер како во Атина игра тенис со својот син.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tennis24 (@tennis24gr)

ФОТО: EPA PHOTO