
Баерн лесно се справи со Мајнц, но за прослава на титулата ќе почека (ВИДЕО)
Баерн до денешната победа стигна без поголеми проблеми, а резултатот беше отворен по само 27 минути игра кога погоди Лерој Сане по асистенцијата од Лајмер.
На пет минути пред крајот Олис се погрижи за воство од 2-0 и тоа беше резултатот со кој се замина на паузата.
Конечниот резултат во финишот од средбата го постави Дајер.
За Баерн денес да ја прослави титулатап потребно беше Леверкузен да не слави против Аугусбург, сепак избраниците на Алонсо запишаа победа од 2-0. Победата за домаќините беше обезбедена уште во првиот дел кога во листата на стрелци се запишаа Шик и Буандија.
На останатите три средби кои се одиграа во истиот термин, Борусија Дортмунд го доби Хофенхајм со 2-3, Кил беше подобар од Борусија Менхегладбах со 4-3, додека Фрајбург минимално се радуваше против Волфсбург со 0-1.