
Маркез испиша историја во Шпанија - петти триумф по ред на спринт трките!
Поранешниот светски шампион успеа да го запише петтиот триумф во спринт оваа сезона и така да стане прв возач на кој му успеало такво нешто.
Претходниот рекорд го држеше Хорхе Мартин со четири победи по ред во спринт трките во Мото ГП.
Маркез славеше во Херез со секунда предност пред неговиот брат Алекс Маркез, додека на третата позиција заврши Франческо Бањаја.
Фото: EPA PHOTO