
Французинот Кеита потпиша за Вардар, левото крило има евротитула со Бенфика!
Кеита има 29 години, настапува на позицијата лево крило, а во Македонија ќе дојде од шпанскиот прволигаш Ла Риоха. Своите најблескави моменти во кариерата ги доживеа како играч на Бенфика со која во 2022 година ја освои титулата во ЕХФ Лигата Европа.
Покрај Ла Риоха и Бенфика, во својата кариера Кеита играл и за ЦСМ и Иври во Франција и се очекува да биде големо засилување за тимот на Вардар кој има голема шанса да се врати во Лигата на шампионите.