Воска по казната од ФФМ за скандалот со Вардар реши да не ја доигра Првата лига!?

Екипата на Воска нема да го доигра првенство во Првата лига на Македонија, дознава порталот на албански јазик „Спортманиа“, што значи дека клубот од Охрид ќе се повлече од натпреварувањето на пет кола пред крајот на сезоната.

Одлуката следува откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го жестокот го казни клубот по скандалот на мечот со Вардар. На охриѓани им беа одземени девет бодови, со што и теоретски испаднаа во Втората лига, добија и парична глоба од 7.500 евра, додека двегодишна суспензија добија претседателот Нефи Усеини и тренерот Клодиан Арбри.

Во таборот на Воска Спорт владее големо незадоволство поради ваквиот развој на настаните, а клубот наскоро и официјално ќе ја потврди својата одлука за повлекување. ФФМ ги изрече санкциите откако Воска Спорт ја напушти играта во 76. минута од натпреварот против Вардар во рамки на 28. коло од шампионатот, без да се врати на теренот.