
Вардар повторно нема да е домаќин на Градски – брка 13-ти меч по ред без пораз!
Црвено-црните и претходниот домашен натпревар (против Тиквеш) го одигра на алтернативен терен, бидејќи тогаш предност за користење на Арената имаше Работнички како подобропласиран тим на табелата. Сега пак, градскиот стадион ќе биде домаќин на меѓународен атлетски митинг во организација на Атлетската федерација на Македонија.
И покрај промената на стадионот, вардарци се максимално мотивирани да ја продолжат серијата и да стигнат до 13-ти натпревар по ред без пораз. Вардарците веќе обезбедија пласман во финалето на Купот на Македонија, а во првенството со 32 освоени бода сигурно чекорат кон опстанокот. Од друга страна, Беса од Добри Дол има далеку поголем мотив – тимот се наоѓа на претпоследното место на табелата со 24 бода и води грчевита битка за спас.
Програма за 29. коло на 1.МФЛ
Сабота, 16 ч.: Вардар – Беса (Тренинг центар на ФФМ).
Недела, 16 ч.: Пелистер – Тиквеш, Шкендија – Шкупи, Силекс – Струга, Гостивар – Работнички.
Понеделник, 16 ч.: Брера – Воска.