
Нови порази за Барса и Реал во Евролигата, Монако и Олимпијакос се на чекор до Ф4!
Монако и Олимпијакос максимално ги искористија домашните натпревари и дојдоа на победа до пласман на фајнл-фор турнирот од Евролигата.
Барса водеше само во воведните минути, потоа Монако го сврте мечот и само ја зголемуваше предноста, на крајот победи со 92-79.
Диало беше најефикасен во составот на Монако, Паркер постигна 16 поени за Барселона.
Реал Мадрид одлично го почна мечот против Олимпијакос. Кралскиот клуб ја доби првата четвртина со десет поени разлика, беше 25-15 за нив, но како ја доби првата, така ја загуби втората, па на полувремето беше нерешено 38-38.
Во вториот дел Олимпијакос беше подобар и на крајот го доби мечот со 77-71.
Везенков постигна 22 поени за Олимпијакос, исто толку даде Хезоња за Реал Мадрид.
Серијата сега се сели во Шпанија, Реал Мадрид и Барселона се домаќини на следните натпревари. Четвртфиналните мечеви се играат во три добиени.