Струмица тргна со брејк, Штип ја загуби предноста на домашен терен!

Одбојкарите на Струмица со 3-1  (25:23, 22:25, 25:19, 25:21) победија на гостувањето кај УГД Штип и поведоа со 1-0 во финалната плеј-оф серија која ќе го даде новиот шампион.

Струмица е бранител на трофејот, а Штип како најдобар во регуларниот дел ја имаше предноста на домашен терен, но веќе ја нема откако го загуби првиот меч пред своите навивачи.

Штипјани важеа за фаворит во ова финале бидејќи ги добија последните три пресметки со Струмичани од кои една беше финалето од Купот на Македонија. Но, работите сега се менуваат.

Струмица денеска одигра одличен меч, заслужено дојде до победата од 3-1 и поведе со 1-0. Сега предноста на теренот е на нивната страна. Финалето се игра во три добиени меча.

На денешниот дуел најрасполежен во составот на Струмица беше Кинтеро со 16 поени, Нилсен имаше 15 а Милев 13. Кај Штип УГД, Задмард постигна 15 поени, Арсов 10.

Вториот меч се игра во понеделник во салата „Парк“ во Струмица од 19 часот.