Легендарниот Кристијан Виери завршил во болница!

Легендарниот италијански голгетер Кристијан Виери ги изненади и загрижи своите фанови откако угледниот италијански спортски медиум Gazzetta dello Sport објави дека поранешниот напаѓач на Интер, Јувентус и Милан, велигденските празници ги поминал во болнички кревет.

Според информациите што ги пренесуваат италијанските медиуми, Виери наводно имал здравствени проблеми кои наложиле итна лекарска интервенција и хоспитализација. Детали за неговата здравствена состојба не се објавени, но неговата моментална состојба наводно е стабилна.

Веста брзо се прошири и на социјалните мрежи, каде фановите изразија шок и загриженост за некогашниот голгетер, кој со своите голови го обележа италијанскиот и светскиот фудбал од крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите години.

Кристијан Виери, кој денес има 51 година, по завршувањето на својата фудбалска кариера се активираше во медиумите и спортската естрада, често коментирајќи фудбалски настани и појавувајќи се на јавни настани.

Фото: EPA PHOTO