
ФФМ ја „пресели“ Воска во Втората лига, долги суспензии за тренерот и за Нефи Усеини!
Воска е казнета со одземање на девет бодови, треба да плати и парична глоба од 7.500 евра. Двегодишна суспензија заработи нивниот претседател Нефи Усеини кој нема да може да биде дел од фудбалот во наредните две години, иста суспензија има и за тренерот Арби Клодиан.
Одлуката на дициплинската комисија ви ја пренесуваме во целост:
„ФК Воска Спорт АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови од вкупниот број на освоени бодови во тековната натпреварувачка сезона од Прва МФЛ и парична казна од 2.500,00 евра поради напуштање на натпреварот со ФК Вардар АД во рамки на 28. коло од Прва МФЛ;
ФК Воска Спорт АД се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација на натпреварот со ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ;
Нефи Усеини - претседател на ФК Воска Спорт АД се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 (две) години и парична казна во износ од 1.500,00 евра. Дисциплинската мерка е исречена поради наговарање, односно повикување за повлекување на екипата на ФК Воска Спорт АД на натпреварот против ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ;
Тренерот на ФК Воска Спорт АД, Арбри Клодиан е казнет со 2 (две) години забрана за вршење функција, додека капитенот на ФК Воска Спорт АД, Агон Хани доби казна - забрана за настап 1 (еден) месец“.
Ова практично значи дека охридскиот тим е сигурен патник во Втората македонска фудбалска лига.