Платата која ја сака Осимен, може да ја добие само во Саудиска Арабија!

Познатиот новинар на „Атлетик“, Дејвид Орстејн тврди дека Премиерлигашите немаат намера да ги исполнат барањата на Осимен за плата.

Осимен долго се поврзува со Манчестер јунајтед, но понекогаш се споменуваат и имиња на други англиски клубови.

Сепак, напаѓачот има високо мислење за себе и бара плата која никој во Англија не може да му ја понуди.

Дејвид Орстејн тврди дека Премиерлигашите немаат намера да ги исполнат барањата на фудбалерот и тој веројатно нема да игра во Премиер лигата.

А ако екипите од Англија не можат да му ја дадат платата која ја сака, тоа значи дека и клубовите од другите земји не можат да му ги исполнат барањата.

Ако не попушти, неговата логична дестинација ќе биде Саудиска Арабија.