
Реал во војна со сите: Нема прес-конференција, нема тренинг, нема официјална вечера...
Нејасно е кои се причините за тоа, но „кралскиот клуб“ не ја одржа планираната прес-конференција, го откажа тренингот, официјалното фотографирање, како и официјалната вечера меѓу претставниците на финалистите и луѓето од Федерацијата. Ова значи дека до утрешното финале, Реал ќе биде во тотална илегала и надвор од очите на јавноста, вклучувајќи ги и неговите навивачи. Попладнево експедицијата пристигна во Севиља и веднаш се упати во хотелот каде ќе престојува и каде ќе се подготвува, пред се на психолошки план, за финалниот меч.
Во текот на денот мадридскиот клуб изрази незадоволство од делегираните судии за финалето, но веќе цела сезона Реал има забелешки на „луѓето во црно“, сметајќи ги нив за главен фактор за сопствениот неуспех.
Денешните потези многу наликуваат на одлуката од пред крајот на минатата година кога претставниците на Реал го откажаа присуството на доделувањето на Златната топка откако дознаа дека Винисиус нема да го освои големото признание.