Судијата за утрешното „Ел Класико“ се расплака: Го учам син ми дека сум чесен...(ВИДЕО)

Рикардо Де Бургос Бенгочеа, главниот судија за утрешното „Ел Класико имаше емотивен настап на прес-конференцијата на која присуствуваше и Пабло Гонзаес Фуертес кој ќе биде задолжен за ВАР.

Откако Реал Мадрид започна отворена „војна“ со судиите во Шпанија секоја одлука на делителите на правдата се дочекува со сомневање.

Кога беше објавено дека Де Бургос ќе го суди финалето, клупската телевизија на Реал Мадрид објави видео со негови наводни грешки на штета на Реал.

Двајцата судиите одговорија остро и не го критикуваа само Реал, туку и сите други кои со своето однесување како што тврдат поттикнуваат напад на судиската организација.

„Повеќе од она што се зборува не загрижува што следува по тие зборови. На социјалните мрежи, анонимни луѓе не навредуваат без никаква контрола. Официјалните клупски профили констатно упатуваат напади кон нас. Чувствуваме дека никогаш не сме билетолку соедините. Имавме состанок и одлучивме дека вака веќе не оди. Ќе мора да почнеме да преземаме сериозно чекори и нема да толерираме се што се случува. Наскоро ќе видите за што се работи, ќе биде тоа нешто историско“, најави Фуертес.

Бенгочеа беше повеќе емотивен и зборуваше за притисокот кој го трпи и неговото дете.

„Грешиме како друштво. Оваа ќе има последици. Не знаеме кој се ги прима пораките и како ги толкува, но ќе дојде ден кога ќе соочи со големи проблеми. Мораме да ја запрема ваквата атмосфера. Кога детето ќе дојде од училиште ми кажува дека сите му зборуваат дека неговиот татко е крадец, тоа е навистина тешко. Се што сакам да го научам мојот син е дека татко ми е чесен човек. Би сакал сите да размислат за последиците кои ги предизвикуваат со своите постапи“, изјави Бангочеа со солзи во очите.