
Реал почна со притисоците пред финалето: Не сакаме да ни суди овој судија
„Кралскиот клуб“ веднаш побарал Бенгоечеа да биде сменет и тој да не биде главен судија бидејќи, како што сметаат, не е способен да го води овој меч со оглед на тоа што се расплака на денешната прес-конференција поради големиот притисок на кој е изложен. Чудно е барањето на Реал бидејќи тоа доаѓа на нешто повеќе од 24 часа пред почетокот на финалниот меч на кој ривал на мадридскиот тим ќе му биде Барселона.
Интересно е тоа што притисок на Бенгоечеа му прават навивачите на Реал кои го навредуваат и му се закануваат иако немаат апсолутно никаква причина за тоа. Притисок прави и телевизијата на Реал која со денови објавува репортажи против него, нешто што за овој медиуми стана практика сезонава.
Ел Чирингито дури додава дека Реал не е само против главниот судија, туку против цела судиска постава за која смета дека е компромитирана и пристрасна.