
Француска легенда седнува на клупата на Лајпциг!
Во потесниот избор останале само две имиња – Анри и актуелниот менаџер на Кристал Палас, Оливер Гласнер. Австриецот има претходно искуство со системот на Ред Бул, откако беше ангажиран како спортски координатор во Салцбург, што му дава предност во разбирањето на нивната фудбалска филозофија. Во меѓувреме, Лајпциг води жестока битка за пласман во Лигата на шампионите, со оглед што е на четвртото место во Бундеслигата, но е во жестока битка со Фрајбург, Мајнц и Борусија Дортмунд. До крајот на сезоната ги очекува тежок распоред, со натпревари против Ајнтрахт Франкфурт, Баерн Минхен, Вердер и Штутгарт.
На списокот на клучни теми за иднината на клубот е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој треба да се врати од позајмица во Торино.
ФОТО: EPA PHOTO