
Само четворица фудбалери на Реал сезонава не се повредиле
И покрај тоа што „кралевите“ сè уште се во трка за домашните трофеи, елиминацијата во четвртфиналето од Лигата на шампионите од Арсенал остава горчлив вкус кај навивачите.
Причината за ваквата ситуација, според многумина, се бројните повреди кои речиси постојано го менуваа стартниот состав. Колку проблеми со повредите имал Реал најдобро покажува податокот што само четворица фудбалери од тимот биле здрави во текот на целата сезона: Раул Асенсио (22) , Арда Ѓулер (20) , Ендрик (18) и Лука Модриќ (39).
Фактот дека тројца од четворицата се млади фудбалери, а четвртиот е ветеранот Модриќ, само го потенцира недостатокот на физичка стабилност кај останатите членови на тимот.
Сезоната за Реал Мадрид и понатаму е отворена, но прашање е дали Карло Анчелоти ќе успее да извади максимум од тимот во финишот на натпреварувањата со ваков ограничен ростер.
Фото: Real Madrid C.F/X