Руни и по 13 години не може да се помири: Тој натпревар треба да се истражи!

Aнглиската легенда, Вејн Руни по повеќе од една деценија повторно зборуваше за епскиот пресврт на Манчестер сити против Квинс Парк Ренџерс.

Вејн Руни повторно јавно зборуваше и не крие дека според него има сомнителни ситуации во победата на „граѓаните“ во последното коло со која стигнаа до титулата. Квинс Парк тогаш водеше со 1-2, а на Сити за титула му беше потребна само победа. Тогаш во самата завршницата триумфот го обезбедија Џеко и Агуеро.

„Очигледно беше дека КПР се бранеше слабо, но зарем Педи Кени не му ја подари топката на Сити? Тие веќе знаеа дека изборија опстанок. Сити изедначи на 2:2, а КПР пак им ја врати топката. На теренот беше Џибрил Сисе, Џои Бартон доби црвен, Шон Рајт-Филипс и Оноуха исто така играа, сите во еден период беа играчи на Манчестер сити… Тоа мораше да биде под истрага“, изјави Руни.

Напомена Руни и дека Џибрил Сисе славел заедно со фудбалерите на Манчестер сити.

„Педи Кени мораше подобро да реагира на неколку од тие голови. Сити дава втор гол, а КПР пак им ја враќа топката. Никој никогаш не го постави тоа прашање. Исто така Сисе на крајот слави со играчите на Сити“, потсети Руни.

Фото: Derby County/X