
Новинарите го налутија Компани: Залудна ли беше парадата во Барнли?
Баерн е убедливо прв на табелата со осум бодови повеќе од Леверкузен и самиот Чаби Алонсо зборуваше дека малку веројатно е дека Леверкузен може да ги пристигне до крајот.
На конференцијата за медиумите германските новинари констатираа дека за Белгиецот ова ќе биде прва освоена титула во кариерата итоа на Компани не му се допадна.
„Ова е неверојатно, веќе вторпат оваа недела некој ми кажува дека ова ќе ми биде прв трофеј како тренер. Веќе го освоив со Барнли. Да, беше тоа промоција, но завршивме први на табелата, што значи дека освоивме титула. Но, добро, тогаш парадата во Барнли беше залудна“, изјави Компани.
Ќе потсетиме, Компани со Барнли во сезоната 2022/2023 успеа со Барнли да се избори за промоција, но потоа веќе во наредната сезона тимот испадна, а тој се пресели во Минхен.
Фото: FC Bayern München/X