
Македонски репрезентативец одби понуда од Барса – малку му биле 2,5 милиони евра!
Каталонскиот гигант беше првиот клуб што се обиде да го обезбеди потписот на организаторот на играта на Париз, кој сезонава блескаше во Евролигата и се етаблираше како еден од најдобрите играчи во натпреварувањето. Шортс има важечки договор со францускиот клуб до крајот на тековната сезона, што значи дека потенцијалните клубови нема да треба да платат обештетување за негов ангажман. Тоа го прави уште поатрактивен на трансфер-пазарот.
Со оглед на тоа дека веќе ја одби понудата на Барселона, се очекува каталонскиот клуб или да ја зголеми финансиската понуда, или пак некој друг европски гигант да го преземе водството во борбата за Шортс.