
Гигс за напаѓачот на кој прв му даде шанса во Јунајтед: Најдобро е да замине!
Рашфорд кој во овој момент настапува како позајмен фудбалер во редовите на Астон Вила во првиот тим на Манчестер јунајтед доби шанса токму од Рајан Гигс, а според Велшанецот разделбата би била најдобра опција.
„Во Манчестер јунајтед не изгледаше среќно, многу е поинаков сега во Астон Вила. За Маркус и и Јунајтед најдобро е да дојде до прекин на соработката. Верувам дека ќе биде извонреден напаѓач, но не во Јунајтед“, изјави Гигс во подкастот кај неговиот поранешен соиграч Рио Фердинанд.
Манчестер јунајтед сезонава игра очајно во Премиер лигата и Аморим веќе истакна дека тимот се „откажал“ од подобар пласман во првенствот и фокусот до крајот на сезоната ќе биде ставен на Лига Европа каде што ги чека битка за финале.
Фото: FA Wales/X