
Меси и компанија растурени во Канада, финалето засега многу далеку (ВИДЕО)
Канадскиот тим постигна по еден гол во двете полувремиња и има убава предност пред реваншот на Флорида закажан за идната недела. Интер Мајами имаше свои шанси и поголема иницијатива, но не успеа да го искористи тоа и да постигне барем еден гол. Тимот на Ванкувер се наоѓа во одлична форма од почетокот на оваа сезона и во моментов е на првото место во Западната конференција во МЛС со 20 бода, четири повеќе од второпласираниот Остин.
Во вториот полуфинален дуел се среќаваат мексиканските екипи Тигрес и Круз Азул кои вчера, во првиот натпревар одиграа нерешено (1-1).