
Инѕаги веднаш по дебаклот против Милан решил да продаде двајца фудбалери!
Иранскиот напаѓач, кој пристигна со големи очекувања, не успеа да се адаптира на системот на Инзаги и остана без значаен учинок. Слична е ситуацијата и со албанскиот репрезентативец, кој ретко добиваше минутажа и не успеа да се наметне како стабилна опција во средниот ред. Одлуката на Инзаги следува по убедливиот пораз од Милан (0-3) во полуфиналниот меч од националниот куп – натпревар во кој блесна Лука Јовиќ со два погодоци, осигурувајќи пласман во финалето за „росонерите“.
Иако шансата за „триплета“ веќе е изгубена, Интер останува во трка за шампионската титула во Серија А, каде што води битка со Наполи, а продолжува да се надева на успех и во Лигата на шампионите – каде на 30 април го очекува првиот полуфинален дуел против Барселона.
ФОТО: EPA PHOTO