
Шчесни со совет до помладите: Немојте да ме следите, јас ја изгубив таа битка
Брзо стана полскиот чувар на мрежата миленик на навивачите откако пристигна како замена за Тер Штеген кој се повреди, а низ натпреварите од трибините често му скандираат „Шчесни „фумандор““ што во превод значи пушач.
„Постојат аспекти на играта во кои верувам дека можам да бидам пример за младите или своите соиграчи, но постојат и работи кои ги правам и кои не трбеа да се следат од другите. Кога станува збор за пушењето, ве молам немојте да ме следите. Јас таа битка ја изгубив. Како млад создадов навика која денес ми штети и свесен сум за таа ситуација, немојте да го правите истото што и јас“, изјави Шчесни.
Фото: Barcelona FC/X