Навас ја „пецна“ Барселона: Ако ме повикаше Перез - пливајќи ќе дојдев до Мадрид!

Костариканецот, Кејлор Навас пет години помина во дресот на Реал Мадрид, а откри дека пред Барселона да го ангажира Војчех Шчесни разговарале со него за потенцијален трансфер.

Барселона го контактирала Навас, но тој ја одбил понудата, меѓутоа и истакна дека поинаков би бил неговиот одговор ако го побарале Флорентино Перез и Реал Мадрид.

„Да, го контактираа мојот агент. Јас бранев за нивниот најголем ривал и секогаш сум се гледал како некој кој припаѓа на „белата стрна“, сепак убаво е што се интересираа за мене и секако тоа е комплимент. Ако, Флорентино Перез ме побараше место Барселона и пливајќи ќе дојдев до Мадрид“, изјави Навас и на некој начин ги „пецна“ каталонците.

Новинарот го запраша и дали при неговото заминување од Мадрид сакал да го напушти клубот.

„Сакав да заминам, исто колку што сакам и да умрам“, одговори Навас порачувајќи така дека немал намера да ги напушти „кралевите“.

Низ кариерата Навас го чуваше уште голот на Саприса, Албасете, Леванте, ПСЖ, Нотингем Форест и Њуелс Олд Бојс каде што сега е член.

Фото: Newell’s Old Boys/X