
На четири кола пред крајот на сезоната, клубот на Роналдо испадна во Втора лига
Клубот, чиј сопственик е Роналдо Назарио да Лима, синоќа загуби на гостувањето кај Бетис со 1-5 и во последните четири натпревари ќе игра само рекреативно. Негативата во однос на 17-пласираниот Алавес изнесува 18 бода што е недостижно за четири кола.
Единствена цел за Ваљадолид до крајот ќе биде да освои уште некој бод бидејќи со 16, колку што има во моментов, би бил најслаб прволигаш во историјата на шпанското првенство.