Италијанците ги открија составите на Милан и Јувентус за вечерашниот спактакл на „Сан Сиро“

Вечерва, љубителите на фудбалот можат да го следат големото дерби меѓу Милан и Јувентус, кое се игра во рамки на 31. коло во Серија А.

И двата клуба се во одлична форма уште од продолжението на сезоната и извесно е дека нè чека спектакл на „Сан Сиро“, иако натпреварот ќе се одигра пред празни трибини. На Милан му е потребна победа во борбата за Лига Европа, додека Јувентус може да влезе во мечот поопуштено бидејќи има предност од седум бода во однос на второпласираниот Лацио.

„Росонерите“ се препородија во остатокот од сезоната, а пласманот во Европа не е повеќе недостижен како што беше по првиот дел од сезоната. Она што ги прави особено среќни навивачите на Милан е дека Стефано Пиоли ќе го има најсилниот тим на располагање.

Маурицио Сари, од друга страна, се наоѓа на слатки маки затоа што скоро сите играчи се подготвени за дербито.

Натпреварот на овие екипи ќе се одигра на „Сан Сиро“ од 21:45 часот, а италијанските медиуми веќе ги објавија составите, иако истите не се конечни. „Росонерите“ ќе ги предводи Златан Ибрахимовиќ, додека главна надеж на „Старата дама“ повторно ќе биде Кристијано Роналдо.

Можниот состав на Милан: Донарумама, Конти, Кјаер, Ромањоли, Тео Ернандез, Кеси, Бенасер, Саелмејкерс, Бонавентура, Чалханоглу, Ибрахимовиќ.

Можниот состав на Јувентус: Шчесни, Куадрадо, Ругани, Бонучи, Данило, Бентанкур, Пјаниќ, Матуиди, Бернардески, Игуаин, Кристијано Роналдо.