Интер во историја немал ваков убоит тандем во нападот како Лукаку и Лаутаро!

Милански Интер во историјата имал еден куп извонредни напаѓачи од Адријано, Мауро Икарди, Габриел Милито, Златан Ибрахимовиќ, Роналдо, Иван Заморано, Ернан Креспо, ама таков убоит тандем како актуелниот со Ромелу Лукаку и Лаутаро Матринез немал никогаш.

Лаутаро и Лукаку заедно во 18 меча досега за „нераѕурите“ постигнаа 22 гола и со тоа го надминаа досега најубиствените тандеми во историјата на овој клуб Виери – Креспо, кои во сезоната 2002/03 дадоа заедно 20 гола (12+8) и на Виери – Адријано (исто 20 гола) во сезоната 2004/05 (3+17).

Во овие 18 меча досега, Лукаку и Лаутаро имаат по 11 гола, а барем засега Интер води жестока битка со доминантниот Јувентус во трката за „скудетото“, додека за пласман во осминафиналето во ЛШ ќе им треба победа против Барселона.