Сари брутално искрен по мајсторијата на Дибала: Си помислив што к*р шутира од таа позиција (ВИДЕО)

Калчолигашот Јувентус синоќа го совлада Атлетико Мадрид со 1-0 пред своите навивачи, а најзаслужен за оваа победа на „бјанконерите“ беше Пауло Дибала.

Решавачкиот момент на синоќешниот натпревар се случи во судиското продолжение од прво полувреме. Аргентивецот изведе слободниот удар од речиси мртв агол и постигна спектакуларен гол за 1-0.

 

 

Дибала е во фантастична форма во последно време, а има целосна поддршка и од Маурицио Сари. После натпреварот, тренерот на Јувентус призна дека не очекувал Дибала да шутира директно во голот од таква позиција.

Дибала постигна гол што никој не го очекуваше. Првото нешто што тренерот може да го каже во таква ситуација е „што к*р шутираш од таму“, а тоа и го помислив за момент. Сепак, тој направи нешто неверојатно и публиката тоа го награди. Дибала одигра одличен натпревар и постигна феноменален гол, истакна Сари.