Претседателот на Барселона проговори за иднината на Валверде
Навивачите беа разочарани од Валверде по елиминацијата од Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите и бараа отказ за Валверде. Но, Бартомеу го подржува тренерот и верува во неговите квалитети.
„Валверде пред некој ден изјави дека ја има подршката од претседателот и бордот на директори. Тој е тренерот кој ние го сакаме на нашата клупа. Моментално сме на половина од еден голем проект. Има договор со клубот и ние сме задоволни од неговата работа. Сега треба да видиме како играчите ќе реагираат и како ќе се опорават од ова 'сопка'“, изјави Бартомеу.