Барселона славеше во Мадрид: Ракитиќ го реши Реал! (ВИДЕО)

Реал Мадрид одигра уште еден разочарувачки меч на „Сантијаго Бернабеу“ и повторно загуби од Барселона, но овојпат со 0-1. Овој пораз доаѓа по дебаклот во средата во шпанскиот Куп кога загубија од Каталонците со 0-3.

Двете екипи одиграа израмнет меч од самиот почеток, а Барселона изгради одлична акција во 26. минута, па Иван Ракитиќ ја искористи дадената шанса и погоди за 1-0. До крајот на првите 45 минути имаше повеќе тензии на теренот, отколку сериозни шанси, па Каталонците го задржаа минималното водство.

Во второто полувреме Реал беше за нијанса подобар, но не успеа да искористи ниту една од своите шанси, па мрежата на Тер Штеген остана да мирува.

Барселона е лидер на табелата со 60 бодови, втор е Атлетико Мадрид со 50, додека „кралевите“ остануваат трети со 48 бодови.