
Амад Диало се враќа порано од очекуваното, ќе биде подготвен за финишот!
Првичните прогнози за неговата повреда велеа дека за него сезоната е завршена, сепак опоравувањето се одвиваше подобро од предвиденото.
Тој на тренинзите се враќа од наредната недела, а се очекува да биде подготвен за настап на последните натпревари од сезоната за Манчестер јунајтед.
Амад Диало беше еден од најдобрите играчи на Јунајтед по доаѓањето на Рубен Аморим.