Дилета на удар на љубоморна сопруга на фудбалер: Му ги наби бујните гради в лице!

Италијанската атрактивна водителка, Дилета Леота, повторно е во центарот на вниманието, откако сопругата на поранешниот фудбалер и сегашен ТВ-коментатор Фредерико Балзарети, Елеонора Абањато, јавно проговори за љубомората што ја чувствувала кон неа.

Таа призна дека ја вознемириле шпекулациите за блискоста меѓу нејзиниот сопруг и атрактивната Леота, со која тој работел на преноси од Серија А на телевизијата „ДАЗН“.

„Го сакам мојот сопруг како и првиот ден, но љубоморна сум на Дилета – таа е преубава жена“, рече Елеонора.

Таа опиша и еден непријатен момент во Милано, кога случајно ја сретнала Леота.

„Изгледаше како премногу добро да го познава. Одма се стегнав и ѝ се претставив: ‘Мило ми е, јас сум неговата сопруга’“, дополни госпоѓа Балзарети.

Иако истакна дека меѓу Леота и Балзарети никогаш немало ништо освен професионален однос, Елеонора призна дека еден гест особено ја налутил.

„Му ги бутна бујните гради в лице, тогаш навистина се разлутив“, објасни Елеонора.

Леота ја почна медиумската кариера со само 17 години како спортска новинарка, а денес е мажена за германскиот фудбалер Лорис Кариус, поранешен голман на Ливерпул, со кого има ќерка по име Арија. Двојката се венчаше во јуни 2024 година. Таа е активна и на социјалните мрежи, каде што има огромен број следбеници.