Кошаркар на Кливленд е дефанзивец на годината во НБА

Иако сите очекуваа признанието да замине кај Дрејмонд Грин, за дефанзивец на годината во НБА е прогласен играчот на Кливленд Кавалирс, Еван Мобли.

Веројатно двајцата ќе останеа во втор план ако во конкуренција останеше Виктор Вембанјама, но Французинот уште во февруари ја прекина сезоната поради тромб и тоа го исфрли од комбинација за оваа награда. Мобли имаше огромен придонес во добрите резултати на Кливленд оваа сезона, а Кавс го заврши основниот дел како најдобар тим во Источната конференција.

 

 

Ова е прво признание за дефанзивец на годината за Мобли, а рекордери се Дикембе Мутомбо, Бен Волис и Руди Гоберт со по четири награди. 

фото: EPA PHOTO